Пејачката и ќерка на фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, се скарала со своето момче Ѓорѓе Куљиќ.
Двојката била „фатена“ од екипата на „Папарацо лов“ додека возела со автомобилот, кога возилото запрело и од него излегла Анастасија.
Таа седнала на автобуската станица и разговарала за нешто, а потоа кога почнала да се враќа кон автомобилот, момчето рекло нешто и таа се вратила на клупата на постојката.
Ѓорѓе пак изгледа си имал и друга мака, па отиде зад станицата и се олесни, како што може да се забележи од фотографијата.
Потоа, сепак и пришол на Анастасија и по краток разговор очигледно ја убедил да се врати во автомобилот за да продолжат онаму каде наумиле да одат.