Српските медиуми овие денови не престануваат да пишуваат за Теа Таировиќ која за само три минути успеа да собере близу 20 илјади евра откако пееше на ромска прослава во Србија.
Медиумите сега открија дека таа не е единствена која заработила толку пари во еден ден, истото го снашло и најдобриот српски трубач Дејан Јевдиќ.
Имено тој сега ја отвори душата и откри колку пари заработил од свадбата на Вељко и Богдана каде Цеца го китела со бакшиш.
-Се запознавме со Цеца во ноември 2019 година кога го женеше Вељко. Тој ден прво дојдов во нејзиниот дом во Белград каде ги дочекавме сватовите, а потоа сите заедно се упативме кон Тител. Свиревме неколку часа, а потоа се упативме кон храмот Свети Сава каде се одржа црковното венчавање, а потоа забавата продолжи во хотелот каде свиревме до рано утрото, раскажува тој.
Додава дека е несекојдневно да се гледа како Цеца се весели и ги кити трубачите со пари.
-На мене и мојот оркестар оставаше пари само по 500 евра, веќе и не се сеќавам колку пари беа вкупно, но беа повеќе од доволно, вели гордиот трубач.