Српската пејачка која на сите им е добро позната зад својата кариера крие црна и мрачна судбина.
Станува збор за пејачката Мина Костиќ која со години живее со траума која ја преживеала како мала.
Имено нејзината сестра се удавила во вода додека двете биле многу малечки, а сето тоа го криела далеку од очите на јавноста.
-Таа е многу напатена. Доживеала голема трагедија кога била малечка, за тоа никогаш нема сила да зборува. Ја загуби сестрата откако таа се удавила во вода, а пред две години почина и нејзиниот татко која многу го сакаше, тоа ја уништи…, вели близок пријател на пејачката за српските медиуми.
Оваа тајна сепак пејачката неодамна ја потврди и откри дека една од сестрите и се удавила кога имала 13 години.
Таа вели и дека на својот татко ќе му посвети песна.