Пејачката Јелена Карлеуша денеска објави дека се разведува од фудбалерот Душко Тошиќ и дека имотот стекнат во брак ќе им го остават на двете ќерки.
Таа во соопштението додаде дека на неа и припаднало старателството над двете ќерки Атина и Ника, но и дека Душко не се гледал повеќе како дел од нивното семејство.
Во меѓувреме ова утро пред да објави како гром од ведро небо дека се разведуваат, таа објави видео од својата вила која буквално е како рај.
Карлеуша го снимаше дворот и терасата, а потоа и базенот во кој често го поминува времето овој период од годината.
Инаку оваа вила ќе остане на ќерките со оглед дека е купена заеднички во брак со фудбалерот.