четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

НЕМАЊА ГУДЕЉ НЕ МОЖЕШЕ ДА СЕ ВОЗДРЖИ – ги откри убавите вести, а Анастасија солзите не можеше да ги запре од радост (ФОТО)

НЕМАЊА ГУДЕЉ НЕ МОЖЕШЕ ДА СЕ ВОЗДРЖИ – ги откри убавите вести, а Анастасија солзите не можеше да ги запре од радост (ФОТО)

За семејството Гудељ, 2023 година е секако една од најтурбулентните што ги доживеале досега. Сведоци сме на тешките моменти кога Немања и Анастасија го загубија своето бебе. Ќерката на Цеца беше во петтиот месец од бременоста кога дозна дека срцето на нејзината ќерка престанало да чука од непознати причини.

Сепак, тоа е само една во низата трагедии на ова познато семејство. Оваа пролет, во светските медиуми одекна веста дека Драги Гудељ среде игра падна на теренот и за момент престана да дише. Братот на Немања преживеа само поради брзата и навремена реакција на лекарскиот тим на неговиот клуб, но дури откако му се стабилизираше состојбата, го чекаа нови битки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nemanja Gudelj (@nemanjagudelj)

Помладиот Гудељ мораше да оди на опсежна терапија, не се знаеше дали некогаш повторно ќе заигра во дресот на Кордоба, но неговата сила на умот и младоста го совладаа злобниот противник. Побрзо отколку што можеше да замисли лекарската фела, Драги застана на нозе и од оваа сезона повторно ги брани боите на својот омилен клуб, каде што се истакнува како еден од најдобрите играчи во тимот.

По тој повод Драги Гудељ прими награда, а сето тоа го сними неговиот постар брат, кој е многу горд на него.

Иако Немања и Анастасија не можеа да го бодрат од трибините, тоа го направија пред малите екрани, а Гудељ го сподели моментот на доделувањето на наградата на Инстаграм.

Честитките почнаа да се нижат, а веруваме дека можеби ова ќе биде повод да стивнат страстите во семејството и мајката на Немања конечно да ја прифати неговата и љубовта на Анастасија, понесена од убавите настани кои дојдоа како сонце по многу дожд.

Најнови вести