Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ го очекува своето прво дете заедно со фудбалерот Немања Гудељ.
Како што претходно најавија, тие чекаат девојче, а младата пејачка би требало да се породи во средината на септември.
Венчавката засега не е на повидок, а очигледно за таа се чека подобра прилика за двете семејства.
Сепак во една прилика ќерката на Цеца открила која ќе и биде кума.
Станува збор за актерката Тара Милутиновиќ.
View this post on Instagram
-Таа ми е најдобра пријателка, утре ден ќе ми биде и кума на венчавката. За неа ништо не ми е тешко да направам. Се знаеме и дружиме од мои 12 години, откри еднаш Анастасија.
И актерката во една прилика открила дека Анастасија си го ставила целиот свој живот на пауза две недели кога дозна дека Тара е заразена со коронавирус за да биде до неа и да и помогне за се што и требало.
View this post on Instagram