четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

НИКОГАШ НЕМА ДА ЗБОРУВАМ ЗА ПРИВАТНИОТ ЖИВОТ: Која е победничката на „Ѕвездите на гранд“, Славица студира медицина и откри дали ќе се пресели во Белград

НИКОГАШ НЕМА ДА ЗБОРУВАМ ЗА ПРИВАТНИОТ ЖИВОТ: Која е победничката на „Ѕвездите на гранд“, Славица студира медицина и откри дали ќе се пресели во Белград

Струмичанката Славица Ангелова исплива од сенка до победа во „Ѕвезде Гранда“. Не важеше за фаворит, но по девет месеци натпреварување освои дури 88.367 гласови на финалната вечер, доволно за победа.

Но, која е нашата Славица?

Има 21 година, живее во Струмица, а инаку е многу успешна студентка по медицина.

– Клучот за нејзиниот успех е позитивниот став и јасно зацртаната цел, а Славица никогаш не бегала од работа кога нешто ќе науми. И автентичноста е клучот со кој ги освои симпатиите на публиката. Впрочем, и самиот факт што студира медицина, кој важи за тежок факултет зборува за нејзните изградени работни навики – објаснуваат од тимот на „Ѕвезде Гранда“.


Нејзиниот репертоар е шаренолик.

– Генерално сушам што срцето ми зборува и како се чувствувам, така и пренесувам, односно отпејувам. Мислам дека секој треба да биде оригинален и да го покаже тоа што го има во себе, зашто сите ние сме различни. Приватно слушам сè, и фолк и рок, и џез и блуз. Подеднакво сè обожавам – открива Славица.

Често за време на натпреварувањата влегувала во конфликт со нејзиниот ментор Ѓорѓе Давид, поради што рокерот се фаќал за глава од мака.

– Не би знаела тоа да го објаснам, тоа ми се случува во мигот. Ние постојано се договараме за време на целото натпреварување, и секогаш се обидувам да го испочитувам тоа што сме го договориле на проба, но едноставно, некогаш така ми доаѓа и знам малку да ја „зезнам“ ситуацијата. Но се надевам дека на крајот се е сепак добро, како и овојпат – заклучува новата кралица на „Ѕвездите на Гранд“.

Најнови вести