Љубовниот живот на Садетин Саран, новото момче на пејачката Емина Јаховиќ, е повеќе од бурен!Тој зад себе има два пропаднати брака, но и врски со многу жени.
Во првиот брак со Ајкан Атес ја добил ќерката Лал. До септември 2017 година Саран бил во брак со седум години помладата забарка Емек Кулур.
Неговиот брак со Емек западнал во криза неколку пати, наводно поради неверствата на Саран, кои официјално никогаш не се докажани. Кога на крајот се развел, се пишувало дека Емек во куќата поставувала прислушкувачи и ги снимала сите негови разговори.
Турските медиуми шпекулираат дека со нив го уценила за да по разводот добие поголема сума на пари, но таа тоа го демантирала. За овој богаташ се зборува дека е склон на флертувања со убавици и дека има краткотрајни авантури со познати дами, кои го чинеле брак!
View this post on Instagram
Садетин бил и 4 години со турската актерка Хулија Авсар, а го спојувале и со Дефне Самели.
Емина исто така зад себе има два брака, а од неодамна е разведена од Мустафа Сандал со кој има два сина.