вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Од левото око му течеа солзи, а мојот син му ги избриша: Сопругата на музичарот на колена ги молела докторите да не го исклучуваат од апарати

Од левото око му течеа солзи, а мојот син му ги избриша: Сопругата на музичарот на колена ги молела докторите да не го исклучуваат од апарати

Поминаа три недели од трагичната вест која го потресе целиот регион- во сообраќајна несреќа загина кралот на фолк музиката Шабан Шаулиќ.

Но, во автомобилот освен пејачот со него во смрт замина и возачот на автомобилот кој исто така е музичар и вечерта настапувал со Шабан, тоа е Мирсад Кериќ.

Сопругата на музичарот за српски „Телеграф“ собрала сила и ја раскажала последната потресна сцена пред да му ги исклучат апаратите на Мирсад.

-Кога дојдовме во болницата ми пријде докторот и ме повика во собата, докторот беше упатен дека јас користам силни таблети по мојата операција па не смееја да ми дадат било какви таблети за смирување. Тогаш ме погледна и ми рече дека мојот Мирсад не издржал. Јас удрив со главата во ѕид и му реков да не ги гасат апаратите, бидејќи ги контактирав најдобрите неуролози во Германија, еден од Берлин, а друг од Диселдорф и сакав да го прегледаат тие, да го вратат, но ми рекоа дека тоа не е возможно. Јавниот обвинител барал главата да му биде отворена, но докторот по своја совест го оставил Мирасад на апарати додека ние не дојдеме и не се опростиме од него, раскажува сопругата на музичарот.

Таа додава дека кога влегле кај Мирсад од неговото лево око течело солзи низ образот, а нејзиниот син му ги избришал за секогаш да останат на неговите дланки.

-Паднав на колена и молев докторот да не го гаси од апаратите, не бев свесна дека апаратите само го одржуваат вештачки во живот. Апаратите ги угаснаа во 22:35 часот и тогаш Мирсад не напушти засекогаш, вели таа за српски „Телеграф“.

Најнови вести