Денеска, 29 октомври, се навршуваат 40 дена од смртта на Марина Туцаковиќ, која остави неизбришлива трага на овие простори, а естрадата остана без најуспешниот текстописец.
Марина почина на 19 септември, на 67-годишна возраст, по долга и тешка борба со ракот, а беше погребана на 29 септември на Новите гробишта во Белград, што беше нејзината последна желба – да почива покрај синот.
На гробиштата денеска се одржа панихида на која присуствуваа синот Милан Радуловиќ Лаќа, сопругот Александар Радуловиќ Фута, бројни пријатели, а меѓу естрадните имиња беа Жика и Јелена од групата Зана со кои имаше долгогодишна соработка. како и Горан Стојиќевиќ Карамела.
На гробот на Марина Туцаковиќ и денеска стои цвеже кое е донесено на денот на погребот.
Исто така се оставени чоколади, вода, кафе и новини.
За потсетување, синот на Марина, Лаќа Радуловиќ вети дека 40 дена по смртта на мајка му ќе проговори за животот и соработката на мајка му со естрадните личности.
– Денеска беше погребот и јас во следните 40 дена нема да давам изјави. Само кога ќе заврши жалоста ќе зборувам, истакна Лаќа на денот на погребот.