Да се одбере фустан за свадба која е најавена како настан на годината, не е лесна работа, туку прилично стресна, а Опра Опра Винфри ја променила својата одлука за тоа што ќе облече на свадбата на Хари Меган, во последен момент.
Опра планирала да носи беж фустан за големиот ден, кој веќе бил нарачан два месеци пред кралската свадба. Но, таа го променила мислењето еден ден пред свадбата. Причина за тоа била што Опра, а најмногу нејзиниот тим од советници, се загрижиле дека беж-ткаенината на фотографиите ќе изгледа многу светло, речиси како бела нијанса.
Свесни дека на кралската свадба не треба гостите да бидат облечени во бело, туку само невестата, одлуката за промена на гардеробата била дефинитивна.
Проблемите настанале кога никој од дизајнерите со кои Опра вообичаено соработувала, не сакал да се нафати на предизвикот да создаде креација преку ноќ. Освен, Стела Макартни.
Стела Макартни ја дизајнирала новата креација на Опра Винфри во рок од околу осум часа од нарачка до испорака. Овојпат, дизајнот бил во убава и непогрешлива мека розова боја.