недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Откри ужасни детали: Девојка го обвини славниот рапер за силување, не ја нападнал само тој

Откри ужасни детали: Девојка го обвини славниот рапер за силување, не ја нападнал само тој

Девојка која уште е анонимна поднесе тужба во Лос Анџелес, тврдејќи дека раперот и неговиот пријател сексуално ја нападнале откако присуствувала на концерт на Снуп Дог во Калифорнија, во 2013 година, пренесе магазинот Rolling Stone.

Според обвинувањата, жената објаснува дека откако прифатила превоз до дома од Дон Меџик Хуан, чие вистинско име е Доналд Кембел, таа завршила во неговата резиденција против нејзина волја. Тврди дека Кембел сексуално ја нападнал, „го извадил половиот орган од панталони и повеќе пати и го ставил во уста“, стои во тужбата.

Жената тврди дека Кембел подоцна барал да го следи во студио за снимање каде Снуп Дог наводно снимал за неговата ТВ серија. Откако и се слошило таа влегла во бањата во студиото каде Снуп Дог неочекувано влегол, ја затворил вратата, ја фатил за рамо и ја натерал на орален секс.

Забележувајќи го нејзиното гадење, раперот „продолжил да мастурбира и ејакулира на горниот дел од нејзините гради и вратот“. Потоа донел нешто за таа да се исчисти и ја оставил така „понижена, исплашена и испаничена“ во бањата.

Извор близок на Снуп Дог за TMZ изјави дека жената намерно поднела тужба пред почеток на Супер бол викендов, бидејќи раперот треба да настапи на полувреме.

Жената тврди дека порано не ги пријавила наводните напади бидејќи се плашела за нејзината работа. Тврди дека неколку години работела за различни компании во сопственост на раперот или поврзани со него.

Ова не е прва тужба за сексуален напад за Снуп Дог. Во 2003 година Кајли Бел го обвини него и дел од членовите на неговата екипа за сексуален напад, но откако раперот ја обвини за изнуда, таа ја повлече тужбата велејќи дека „заемно се спогодиле“.

Најнови вести