петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ОВА Е БЛИНДИРАНИОТ „ЅВЕР“ КОЈ ЈА СПАСИЛ ОД СИГУРНА СМРТ – автомобилот на Сораја и е подарок од момчето и е вреден 190 илјади евра! (ФОТО)

ОВА Е БЛИНДИРАНИОТ „ЅВЕР“ КОЈ ЈА СПАСИЛ ОД СИГУРНА СМРТ – автомобилот на Сораја и е подарок од момчето и е вреден 190 илјади евра! (ФОТО)

Домашните медиуми веќе неколку дена пишуваат за тешката сообраќајна несреќа што ја имала Сораја Вучелиќ на границата со Албанија, кога комбе удрило во црниот блиндиран џип Мерцедес што го возела.

Она што малкумина го знаат е дека старлетата го добила тој џип од своето момче бизнисмен кој никогаш не го покажала во јавноста.

Тој сигурно не штедел пари за својата избраничка, а ја почастил со бесна лимузина, најдобра во својата класа. А цената на овој автомобил е 190.000 евра.

Според информациите, старлетата се здобила со тешки повреди за време на сообраќајната несреќа, а лекарите се борат за нејзиниот живот. Покрај внатрешното крварење, таа има и скршеници на ребрата, поради што итно е оперирана во една клиника во Албанија.

Но, со влошување на нејзината состојба, таа беше префрлена во Хрватска на нова операција, која исто така е многу напорна, а потребни се часови за да се дознае каков ќе биде епилогот.

Најнови вести