понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Ова е кумот на Лепа Брена и Боба – има 35 деца и е најбогат спортист на сите времиња, Роналдо не му е ниту до колена! (ФОТО)

Ова е кумот на Лепа Брена и Боба – има 35 деца и е најбогат спортист на сите времиња, Роналдо не му е ниту до колена! (ФОТО)

Малкумина се оние кои знаат дека покрај Лепа Брена пред матичарот стоел и поранешниот тенисер и милијардер, Романецот, Јон Цирјак.

Цирјак официјално е најбогат тенисер на сите времиња, а Ѓоковиќ, Федерер и Надал не му се ниту до колена.

Богатството го стекнал во минатиот век, но не само од турнирите туку и приватните бизниси.

Тој е роден во градот Брашов во Трансилванија на 9 мај 1939 година. На 15 години работел во фабрика за камиони. Тогаш му било дозволено да работи шест часа дневно, наместо осум, за да може да игра хокеј.

Цирјак бил професионален хокеј играч уште пред да игра тенис. Учествувал и на Олимписките игри во Инсбрук во 1964 година. Подоцна влегол во светот на тенисот, а потоа почнала и неговата бизнис-кариера. Цирјак препознал што значи падот на Берлинскиот ѕид за човештвото, па по режимот на Николае Чаушеско, се вратил во Романија.

Бил свесен дека капиталот од Западот ќе почне да се шири во сиромашните земји како што е Романија, па користејќи ги своите контакти кои ги имал во Германија, успеал да стане застапник на компанијата „Метро АГ“, а потоа и на компанијата „Мерцедес“.

Парите ги вложувал во осигурителни компании, приватна банка (која му го донела најголемиот дел од богатството), авиокомпанија и туристичка агенција. Денес има вработено преку 20.000 луѓе, а е директор на тениски турнир во Мастерс во Мадрид. Цирјак вели дека има желба овој турнир да го издигне на ниво на грен-слем турнир.

Освен деловниот, Цирјак има и бурен приватен живот. Тој денес живее во Монте Карло со своите три деца кои ги добил во брак. Но, вели дека има 32 вонбрачни деца, а исто така се грижи и за 300 напуштени деца, за кои има изградено вистински мал приватен рај во Брашов.

Јон на овие простори е познат како голем пријател на Брена и Бобо, во мај во 2014 година, за време на големите поплави кои се случија во Србија, донирал 100.000 евра помош за загрозените.

Најнови вести