Фотографијата од вакцинацијата на пејачката Јелена Карлеуша заврши дури и на насловната страница на австрискиот весник „Heute“.
Имено Австријците очигледно се шокирани од глетката во Србија и како се вакцинираат луѓето таму, особено познатите ѕвезди.
Нивниот наслов со фотографијата од Карлеуша беше „Вака поп ѕвездите се вакцинираат“.
Инаку овој весник е бесплатен државен весник во Австрија и е достапен на сите пропишани места за весници, а сите граѓани имаат право и да ги добијат во поштенските сандачиња.
А на денешната нивна страница се појави токму пејачката која вчера беше во центарот на вниманието во целиот регион поради примањето на вакцината.