Поранешниот учесник во „Ѕвездите на Гранд“, Бојан Павловиќ со своите следбеници на социјалните мрежи ја сподели среќната вест дека ја запросил својата долгогодишна девојка.
Пејачот синоќа се сврши со својата долгогодишна девојка Николина, а изненадувањето го приреди во ресторан со тамбураши.
Додека музичарите го свиреа познатиот хит од Тома Здравковиќ, Бојан клекнал пред Николина и ја прашал дали сака да се омажи за него, а таа без размислување одговорила „ДА“.
Заедно со видеото на Инстаграм, пејачот напиша и краток опис, честитки пристигнаа од сите страни, а младиот Бојан го поддржаа бројни колеги од јавната сцена.
View this post on Instagram
– Рече ДА – напиша пејачот со емотикон срце и веренички прстен.
Да потсетиме, Бојан и Николина беа во врска пред неколку години, но раскинаа. По некое време парот ја обнови романсата и сега ужива во љубовта. Пејачот неодамна пред камерите искрено призна дека неговото семејство не се согласува со неговиот избор на партнерка и дека главниот проблем е што зад себе има еден брак и што по потекло е од Хрватска.
View this post on Instagram