Пејачката Анастасија Ражнатовиќ ова лето се одлучи за промена на својата боја на коса, па на изненадување на сите таа го промени својот имиџ.
Таа иако е доследна на својата темна боја на коса, овој пат се одлучи истата да ја осветли.
Имено пејачката објавила видео на својот Инстаграм профил каде што се гледа нејзината промена и светлите прамени.
Модерната техника која кај жените е позната како „сонце во косата“ буквално ги воодушеви нејзините следбеници кои и порачаа дека изгледа совршено.
„Колку совршено ти стои светлна боја“, „Ми се допаѓа оваа промена“, се само дел од коментарите.
Инаку и Цеца во минатото често ја менуваше својата боја на коса, а сите ја паметат и како русокоса.