понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Популарната актерка од „Game of Thrones“ заразена со коронавирус

Популарната актерка од „Game of Thrones“ заразена со коронавирус

Популарната актерка Индира Варма, која е позната по улогата како Еларија Пежана во хит серијата Game of Thrones, потврди дека се тестирала за COVID-19 и дека резултатите се позитивни.

46-годишната британска актерка во средата им соопшти на фановите дека е во каратин поради коронавирус и дека пробите за претставата „The Seagull“, во која глуми со Емилија Кларк, се откажани.

Инаку, Варма не е единствената заразена од серијата „Game of Thrones“. Пред неколку дена, Кристофер Хиву, кој го игра добродушниот Тормунд, самиот откри дека е заразен.

Најнови вести