Револтирана поради лошите коментари дека пејачката Лепа Брена е циција, некогашната куќна помошничка на фолк дивата одлучи да откри некој детали во јавноста низ долгите години додека била вработена во вилата на пејачката.
-Верувајте ми Брена е прекрасна жена. Таа кон моето семејство се однесуваше како кон своето. Кога и да завршев со работа и требаше да си одам дома, таа ми даваше храна, овошје, сокови, слатки… Не ни сакаше да слушне дека си заминувам со празни раце, а сето тоа немаше врска со платата. За облека и да не зборуваме… Дури и ми купуваше капути за мене и на мојата ќерка и даваше алишта за секоја прилика, вели некогашната куќна помошничка во домот на пејачката.