Денот на мајката неодамна беше прославен во многу земји, а многу јавни личности ја искористија можноста јавно да им се обратат на најважните жени во нивниот живот.
Една од нив беше и пејачката Емина Јаховиќ која детално опиша колку ја сака и почитува својата мајка Сенија:
– Потребна е силна мајка за да биде татко. И ти беше сè за нас. Емотивна, но сепак карпа. Уморна, но сепак продолжуваше. Загрижена, но полна со надеж. Преоптоварена, но никогаш не се откажува. Трпелива, дури и во хаос. Животот се менува секој ден. Мајка, ќерка, сестра, пријателка и неверојатен човек. Ти благодарам за се мамо, напишала Емина.