петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Потресна исповед на Марина Туцаковиќ: Се плашам од смртта и тешката болест која ја имам, сакам да го вратам 24 годишниот син жив

Потресна исповед на Марина Туцаковиќ: Се плашам од смртта и тешката болест која ја имам, сакам да го вратам 24 годишниот син жив

Српскиот текстописец Марина Туцаковиќ веќе со години храбро се бори против тешката болест, а со оглед дека се уште се бори со болеста таа не се предава.

Овие денови во регионот многу се шпекулира за нејзината состојба, па таа се огласи и вели дека се чувствува добро, но открива и какви се прогнозите на лекарите.

-Добро се чувствувам, не е шампионски, но добро е. Секако ми е подобро отколку што беше. Тоа со години трае. Не може преку ноќ да се реши. Оваа недела треба да направам нови анализи. Ја менувам терапијата, чекам да пристигне на онкологија некоја нова инјекција, раскажуваа таа.

Таа додава и дека се плаши од смртта.

-Нормално дека се плашам. Сите се плашиме. Не треба за тоа да се размислува. Еве сега спремам супа и верувајте сакам да размислувам само на убави работи, вели таа.

На прашањето дали жали за нешто вели дека жали по загубата на својот син.

-Тој почина на 24 години, кога би можела да го вратам времето… само тоа го сакам, вели Туцаковиќ.

Најнови вести