Откако се крена голема фама околу тоа кој ѝ испратил 3.333 рози за Денот на вљубените на Јелена Карлеуша, таа не губи време да се објаснува и продолжува понатаму да биде најдобра во тоа што го работи.
А како неизоставен дел од нејзината работа е секако модата.
Овојпат Карлеуша инспирира со несекојдневни парчиња, поконкретно несекојдневна боја – блескаво светло сина, во комбинација со црна.
Секако тоа е впечатлива комбинација која не остава никого рамнодушен, па така Јелена повторно се најде во центарот на вниманието.