Судот во Менхетн одлучи раперот Ди-Ем-Екс (DMX) да биде вратен вo затвор, поради прекршувањето на условите за кауција.
Судијата Џед Рејкаф наведува дека раперот чиешто вистинско име е Ерл Симонс, додека трае судскиот процес против него повеќе пати лажел дека ќе ги почитува условите на кауцијата. Ди-Ем-Екс на минатонеделните тестови бил позитивен на кокаин, опијати и оксикодон.
Така, раперот ќе мора зад решетки да ја чека пресудата за случајот на затајување данок од 1,7 милиони долари, која се очекува да биде изречена во март.