среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Пред малите екрани во Македонија прв пат проговори за трагедијата– еве зошто никогаш не ги земала резултатите од обдукцијата на синот

Пред малите екрани во Македонија прв пат проговори за трагедијата– еве зошто никогаш не ги земала резултатите од обдукцијата на синот

Српскиот текстописец Марина Туцаковиќ почина на 67 годишна возраст по долгата борба со ракот, а пред 13 години се соочи со најголемата болка која може да ја доживее еден родител.

Имено, Марина на 1 декември 2008-та година го загуби синот кој почина на 24 години во семејниот дом во центарот на Белград.

Синот на Марина и Александар почина неочекувано, а за најболниот ден во нејзиниот живот таа ретко зборувала во јавноста.

Сепак таа во една своја прилика во македонските медиуми ја отвори душата и проговори за најцрниот ден.

-Некој работи треба навистина да ги издржите. Не постои ништо пострашно. Се случи тоа што се случи, тој тогаш имаше проблеми со дрогата и баш кога се среди, тој едно утро не се разбуди. И јас го пронајдов…страшно…, започна да раскажува Марина.

Таа потоа продолжи да раскажува пред македонската публика пред малите екрани:

-Влегов во неговата соба и го затеков тоа што го затеков. Имаше 24 години, секогаш имав страв да не се случи нешто. Нормално, кога детето ќе ви отиде на екскурзија па се плашите како ќе стигне, секогаш имате страв за луѓето кои ги сакате. Таа ноќ толку многу се смеевме, што не ни предосетив нешто дека би можело да се случи, за разлика од порано кога имав такви стравови, раскажа Марина.

Таа во емисијата зборуваше и дека болката се уште ја чува во себе, но и дека по неговата смрт не сака да ги земе резултатите од обдукцијата.

-Не, не сакав да ги земам. Што ќе ми значат, дали умрел од срце или нешто земал… исто е. Не сакам да го знам тоа, ниту е важно, признала Марина во своето телевизиско гостување.

Најнови вести