Актерката Јасна Орнела Бери објави на социјалните мрежи дека е позитивна на коронавирсот.
-Драги мои зад мене поминаа две тешки недели со коронавирусот. Денес добив тест кој го потврди дека сум позитивна. Важно е дека на време започнав со лекувањето. Пазете се и заштитете се себеси и другите, напиша актерката на Фејсбук.
Покрај улогите во театарот, таа на јавноста и е позната и по многуте улоги во југословенските филмови.
Таа е позната и како прва љубов на пејачот Здравко Чолиќ.
Двајцата започнале да се забавуваат во Сараево во седумдесеттите години од минатиот век, но сепак за жал нивната романса не опстана долго.