Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ го изгуби бебето во петтиот месец од бременоста и од тогаш се повлече од јавноста, но и од социјалните мрежи.
Поради трагедијата Анастасија ја напушти Севиља каде живее со момчето Немања Гудељ, па се врати во Белград како овие тешки моменти биде поблиску до семејството.
Со денови не се знаеше ништо за неа, а сега нејзината идна кума Тамара Милутиновиќ објавила видео снимка на која се гледа како двете се забавуваат и пеат додека се возат во автомобил низ белградските улици.
Двете ја пееја песната од Петар Грашо „Ко нам брани“, а нејзината кума особено била расположена кое се гледа на видеото.
-Тоа беше добра недела, напиша таа со емотикон на чаша вино.
Инаку за потсетување актерката со ќерката на Цеца се дружат од детството, поточно од дванаесеттата година, а како што во една прилика изјавила Анастасија Тара ќе биде нејзина кума кога ќе се венча.