Рада Манојловиќ каде и да се појави ја разгорува атмосферата, а така беше и овој пат кога настапи на приватна прослава.
Имено, Рада била пејачка на свадба во Белград на која повеќето гости биле од Словенија. Гостите на свадбата беа многу среќни, играа без престан, а песните на Рада ги ставија во транс, па кршеа чаши.
И тие беа со отворени раце, цела бина околу Манојловиќ беше посипана со бакшиш.
На Рада фрлија 200.000 – 300.000 динари, се во илјадарки, велат гости.
По кршењето на чашите, на подот имаше стакло и пари, па дојдоа чистачки кои со метла собраа се, а парите ги вратија кај Рада.