Раперот и актер Реља Поповиќ речиси никогаш јавно не зборува за својот приватен живот, а исклучок направи во емисијата „Балканска улица“ на Нова С ТВ.
Познато е дека мајката на Реља била балерината Зоја Беголи, икона на Народниот театар во Белград, додека за неговиот татко во јавноста малку се знаело.
Имено, со оглед на тоа што последниот брак на Зоја бил со Фарук Беголи, многумина мислеа дека тој е татко на Реља, а раперот сега ги демантираше овие наводи и ја откри вистината.
– Пишуваа дека Фарук Беголи е мојот татко, што всушност не е. Едноставно, моето презиме би било исто, ако мајка ми се презива Беголи, а татко ми Бегол, многу тешко дека јас ќе бидам Поповиќ. Дури се обидоа да направат разни конструкции дека јас се обидувам да го сокријам моето албанско потекло. Дури и да сум Албанец, или од каде било, не би се обидувал да го сокријам моето потекло. Имам еднаква љубов кон сите народи и кон сите добри луѓе, а подеднакво ги игнорирам сите лоши луѓе – започна Реља, нагласувајќи дека татко му е Срѓан Поповиќ, поранешен спортски новинар.
– Татко ми беше спортски новинар, најголемиот дел од животот го помина во весникот „Вечерње новости“, каде работеше и вујко ми, брат на мајка ми. Беше голем навивач на Партизан – рече тој и откри дека љубовта кон споменатиот клуб ја наследил од татко му.
-Последната ноќ од животот ја помина со играчи на Партизан, а таа традиција јас ја продолжувам и денес. Спортот и Партизан му го одбележаа животот на еден начин, а јас студирав новинарство на факултет, сакав да пишувам и да бидам нешто што бил мојот татко, целосно несвесен дека тоа се случува.
Кога го изгубил својот татко имал само година и пол, не крие како тоа му е рана цел живот.
– Мајка ми ми кажа дека на еден од погребите, кога умре таткото на нашиот пријател, сум прашал – кому му е полошо -на нашиот пријател, кој го загуби татокото на 15 години или мене, кој го загуби татко ми на година и пол. Многу е тешко да се одговори на тоа прашање. Секако, би сакал да можам да се сетам на татко ми, тоа е секако рана што ја носам цел живот – заврши Поповиќ во емисијата „Балканска улица“.