недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Ријана го тужи сопствениот татко

Ријана го тужи сопствениот татко

Пејачката Ријана поднела тужба против сопствениот татко Роналдо Фенти, пренесуваат американските медиуми.

Ријана го тужи сопствениот татко поради лажно рекламирање, нарушување на приватноста и уште неколку други дела.

Пејачката во тужбата  потенцира дека Роналдо и неговиот партнер ја формирале компанијата “Fenty entertainment”.

„Таа компанија се претставува како да има врска со Ријана. На тој начин од трети лица земени се милиони долари. Бидејќи двајцата лажно ветиле дека се одговорни за кариерата на Ријана и да и закажат настапи низ целиот свет“ пишува во тужбата.

Ријана и понатаму сака да го спречи нејзиниот татко да го користи брендот „Fenti“ бидејќи така ја нарече нејзината модна комбинација.

„Со оваа тужба клиентката сака да го спречи нарушувањето на името, ликот, репутацијата и приватноста“  вели нејзиниот адвокатски тим.

Родителите на пејачката се разведоа двапати, а таа во своите интервју истакна дека нејзиниот татко бил алкохоличар.

Вистина.мк

Најнови вести