сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Роналдо ги изненадил фановите со својата реакција: Извадиле телефони да го снимаат, а тој направил нешто кое никој не го очекувал (ВИДЕО)

Роналдо ги изненадил фановите со својата реакција: Извадиле телефони да го снимаат, а тој направил нешто кое никој не го очекувал (ВИДЕО)

Реакцијата на Кристијано Роналдо откако фановите го снимале во ресторанот во којшто тој влегол, ги изненадила присутните.

Пред неколку денови популарниот фудбалер Кристијано Роналдо отишол со својата сопруга Џорџина Родригез во ресторан за да го прослават нејзиниот 29-ти роденден, а тоа што го дочекало ги воодушевило сите.

Штом фудбалерот влегол во ресторанот, опкружен со своите телохранители, сите ги извадиле своите телефони и почнале да го фотографираат и снимаат.

Како одговор, и Роналдо го извадил својот мобилен телефон и почнал да снима видео како фановите го снимаат, па потоа се насмеал и продолжил да оди напред.

Пред неколку седмици шпанската инфлуенсерка го израдувала Роналдо со скапоцен автомобил, а засега не е познато каков подарок ѝ купил славниот Португалец нејзе.

Меѓутоа, тоа што на сите им било изненадувачко е тоа што вечерта на која таа требала да биде ѕвезда пропаднала. Роналдо едноставно ја засенил својата девојка.

За оваа прилика Џорџина носела прекрасен, бел фустан којшто ги нагласувал нејзините облини.

Таа славела опкружена со семејството и пријателите, а странските медиуми пренесоа дека манекенката и фудбалерот не влегле во ресторанот во исто време. Прва стигнала славеничката со децата која имала сериозен израз на лицето.

Потоа влегол Роналдо со пријателите, а тоа очигледно ѝ пречело на Џорџина поради тоа што фудбалерот бил во центар на внимание и сите го фотографирале него. Бројни обожаватели го чекале Роналдо, па по завршување на прославата сакале да се фотографираат со него и да добијат автограми.

Најнови вести