Можеби ги завршил своите спортски обврски пред почетокот на подготовките за Европското првенство, но напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо не мирува кога се во прашање деловните.
Имено, Португалецот се подготвува за 7 јуни и отворање на еден од најлуксузните хотели во Мадрид – Пестана CR7 Гран Виа, што тој самиот не го криеше на социјалните мрежи.
– Конечно одбројуваме до нашето отворање. Забавен начин да уживате во погледот во Мадрид, спортскиот бар и најдобрата пица во градот. Резервирајте сега и бидете меѓу првите што го доживеале ова искуство – го пофали Роналдо.
Инаку, медиумите потенцираат дека Кристијано вложил дури 13 милиони евра во хотелот што ќе биде трет во негова сопственост. Да потсетиме, претходните два се во татковината.
Овој нов хотел ќе има 168 луксузни соби и е распореден на десет спрата. Деветтата ќе биде резервирана за „обичните граѓани“, односно за оние кои не се гости во хотелот. Тука ќе се наоѓа спортскиот бар.
Погледнете и фотографии од луксузниот хотел на Роналдо: