среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Роналдо има брдо пари, но неговото најголемо богатство е на овие фотографии

Роналдо има брдо пари, но неговото најголемо богатство е на овие фотографии

Ева и Матео, малите близначиња на Кристијано Роналдо, наполнија 2 години. Темите на нивната роденденска забава во Мадрид, Шпанија, беа суперхероите на Марвел и принцезите на Дизни.

Вереницата на популарниот фудбалер, Џорџина Родригез, сподели фотографии од роденденот, на кој присуствуваа и Кристијано Џуниор и заедничката ќерка на парот Алана Мартина.

-Одлично си поминавме за роденденот на Ева и Матео. Им благодарам на сите пријатели и на семејството што ни се придружија на овој специјален ден, напиша 25-годишниот модел.

Поради ангажманите, Кристијано не можел да присуствува на забавата, но им го честиташе роденденот на своите малечки со фотографија и порака на Instagram.

Честито, љубови на тато! Штета што не можам да бидам таму со вас на овој специјален ден. Но, мама е со вас. Бидете секогаш најсреќни. Ве сакам најмногу“ – напиша тој.

Најнови вести