Кристијано Роналдо е познат како фудбалер кој е стравствен колекционер на скапоцени автомобили, а овој пат се почести со уште еден луксузен ѕвер вреден цело богатство.
Станува збор за опасна машина од марката „Мекларен Сена“, автомобилот кој е направен само во 500 примерока во целиот свет.
Неговата цена е околу милион долари, а дури еден од моделите на аукција се продал дури и за 1,45 милиони долари, што за Роналдо сигурно не претставува ништо.
Доказ дека фановите полудеа по неговиот нов ѕвер е видеото кое го лајкнале повеќе од 2 милиони лајкови.
Некои од фановите стравуваат за неговиот живот поради лудиот адреналин на фудбалерот и брзината на оваа машина.