Бразилската убавица, Адриана Лима, на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал, се појави во екстравагантен фустан кој повеќе покажува отколку што крие.
Сатенскиот фустан содржи горен дел налик на ретро костим за капење, додека долниот дел е со нагласен шлиц.
Креацијата е дизајнирана од италијанската модна куќа Алберта Ферети.
Топ моделот изгледот го заокружи со сандали со високи потпетици и скапоцен ѓердан.
Овој фустан може да го носи само жена со совршено тело, како што е Адриана, но и некој многу храбар како неа.