Вељко Ражњатовиќ и Богдана Родиќ денеска ќе го изговорат судбоносното „да“, а во Тител, од каде што потекнува невестата, се е подготвено за веселбата.
Семејството Родиќ наголемо се подготви за денешниот ден, а родителите на Богдана сватовите ќе ги пречекаат во куќата во која таа се родила.
Во семејниот дом на фамилијата Родиќ се блеска од луксуз, имено родителите на Богдана ја отворија вратата на својот дом за екипата на српски Телеграв и открија во каков луксуз живеат.
Во домот на семејството Родииќ доминира белата и златната боја, а е уредена со стил и секој детаљ во истиот претставува вистински луксуз.
Инаку, Богдана ќе ја носи истата венчаницата која што Цеца ја носела на венчавката со Жељко Ражњатовиќ Аркан, а домот на невестата во Тител е целосно украсен и се е подготвено за свадбената прослава.