сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Се венчале по 25 години љубов, таа со децата преживеала терористички напад: Која е сопругата на Пеп Гвардиола?

Се венчале по 25 години љубов, таа со децата преживеала терористички напад: Која е сопругата на Пеп Гвардиола?

Пеп Гвардиола пред неколку дена му се придружи на ексклузивното друштво на фудбалски тренери кои дури 3 пати ја освоиле Лигата на шампионите.

Тоа на Пеп претходно му успеа со неговата Барселона, за која и настапуваше како играч со години, а сега победата во финалето на престижниот натпревар ја однесе со екипата на Манчестер Сити.

Иако многумина започнаа да се сомневаат дали неговиот тим може да дојде до европска титула, откако тоа се обидуваше да го направи уште од 2016 година кога му се приклучи на манчестерскиот клуб, Гвардиола оваа сезона ја освои триплетата – Премиер лигата, ФА купот и Лигата на шампионите.

И додека другите можеби ги доведуваа во прашање неговите вештини, Пеп имаше безрезервна поддршка од семејството кое го изградил со сопругата Кристина Сера.

Познатата бразилска новинарка и Пеп се познаваат уште од 18-годишна возраст, а интересно е тоа што не ги споил фудбалот. Имено, семејството на Кристина ја поседува продавницата „Serra Claret“ во Барселона каде некогашниот фудбалер снимал рекламна кампања за дизајнерот Антонио Миро. Тогаш ја здогледал младата Кристина и по некое време започнале да се забавуваат.

Таа беше покрај Гвардиола во текот на неговата успешна кариера, а остана негова најважна поддршка кога по завршувањето на фудбалскиот живот се задржа во овој спорт како фудбалски тренер.

Меѓутоа, парот се венчаше дури во 2014 година, 25 години од нивната прва средба, а во меѓувреме ги добија ќерките Марија (21), Валентина (14) и синот Мариус (19).

Парот постојано се труди да ја зачува својата приватност, иако тоа е секогаш предизвик на Островот, а во главно тоа им успева бидејќи водат мирен семеен живот.

Семејството на Пеп се најде во центарот на јавноста во 2017 година кога Кристина и ќерките присуствувале на концертот на Аријана Гранде во Манчестер, на кој беше извршен терористички напад и во кој настрадаа 22 лица, додека 59 беа повредени. Тие за среќа успеале да побегнат од местото неповредени.

Кристина и една од ќерките подоцна се вратија во Шпанија за сопругата на тренерот да може да управува со својот бизнис, па денес живеат на релација Барселона-Манчестер.

Најнови вести