недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

„Сега го чуваат Марина и Милош“: По смртта на Лаќа се огласи неговата најголема љубов, еве која е утехата на убавата Теодора

„Сега го чуваат Марина и Милош“: По смртта на Лаќа се огласи неговата најголема љубов, еве која е утехата на убавата Теодора

Не се знаеше многу за љубовниот живот на текстописецот и син на Марина Туцаковиќ, Милан Лаќа Радуловиќ, но она што донекаде и е познато на јавноста е неговата емотивна врска со пејачката Теодора Баковиќ.

Првата песна Теодора Баковиќ ја сними во 2010 година, а пошироката јавност се заинтересира за неа две години подоцна кога се дозна дека е во врска со Лаќа. Теодора тогаш тврдеше дека се уште е девица, а Лаќа за медиумите изјави дека се шегува и дека е „нејзин прв во секоја смисла“. Оваа љубовна врска беше добра за Теодора за нејзината музичка кариера, бидејќи истата година го сними својот деби албум, а сите текстови ги потпиша мајката на нејзиниот тогашен партнер.

Таа сега зборуваше за Pink.rs и откри како ќе се сеќава на својата поранешна голема љубов, но и каков бил навистина Лаќа.

-Лаќа засекогаш ќе остане запаметен по својата генијалност, духовитост и извонреден талент. Само неговиот глас ме насмевнуваше во истата секунда и ќе го паметам како таков, весел. Последниот контакт го имавме на 6-ти декември, по што тој исчезна од овој свет, но ќе продолжи да живее во срцата на сите наши пријатели, меѓу кои беше неизмерно сакан и обожаван. Единствена утеха во се е што сега Марина и Милош го чуваат, изјави Теодора за Pink.rs.

Да потсетиме, неговото безживотно тело беше пронајдено на улица во Израел. Според неофицијални информации од МНР, пријателот со кој Милан Радуловиќ Лаќа бил на пат во Израел, претходно го пријавил неговото исчезнување, а со оглед на тоа дека е странски државјанин, во истрагата се вклучил и Интерпол, кој го информирал Министерството дека телото е пронајдено на улица и дека во недела ќе биде донесено во Србија.

Најнови вести