Лепа Брена и Боба Живојиновиќ неодамна прославија 28 години брак, а изгледаат заљубени како и првиот ден. Имено, парот моментално се наоѓа во Црна Гора каде го прославува и „Денот на вљубените“.
Пејачката и тенисерот биле видени како се шетаат покрај морето, а во текот на нивната прошетка неколку пати размениле нежности.
За оваа прлика Брена одбра нешто поопуштена комбинација односно тренерки во комбинација со јакна и патики.
Ни дождот не го спречи парот да ужива во романтичната прошетка.
За потсетување, Брена неодаман се врати од семејниот омор на Тајланд каде што беше заедно со сопругот Боба, синот Виктор, како и снаата Александра со Филип Живојиновиќ и нивниот син Александар.
Инаку тие во еден моменти разгледувале и нова јахта, а дали тоа ќе биде новиот подарок за пејачката за денот на вљубените останува да видиме.