среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Селекторот на Србија со најголема поддршка на трибините – трите деца со емотивна порака во центарот на вниманието во Доха (ФОТО)

Селекторот на Србија со најголема поддршка на трибините – трите деца со емотивна порака во центарот на вниманието во Доха (ФОТО)

Ања, ќерката на селекторот на српската фудбалска репрезентација, Драган Стојковиќ Пикси, објави неколку фотографии од Доха.

Таа, нејзината сестра Андреа и нејзиниот брат Марко се во Катар, каде му пружаат огромна поддршка на својот татко, а присуствуваа и на синоќешниот натпревар каде орлите загубија од Бразил со резултат 2:0.

„Одиме, Србија! Одиме тато“,  напишала Ања во описот на фотографијата на која стои заедно со сестра си и братот прегрнати.

Најстарата ќерка на Стојковиќ, Андреа, дипломирала на Американскиот универзитет во Париз, Ања студирала моден дизајн во Лондон, а Марко првично тргнал по стапките на својот татко, но се откажал од фудбалот и се посветил на студиите на еден од најпрестижните лондонски универзитети, каде што и дипломирал.

Ања моментално живее и работи во Лондон, со нејзиниот сопруг Хуго Валенте и ќерките Индија Роуз и Касија Гинзи. Инаку, луксузниот имот во кој живее Ања со семејството е подарок од нејзиниот татко.

Најнови вести