Хрватскиот композитор Ненад Нинчевиќ, еден од најблиските пријатели на починатиот музичар Рајко Дујмиќ, за хрватските медиуми изјави дека семејството Дујмиќ одлучило да ги дарува неговите органи.
– Тешко ми беше сите овие денови. Рајко имаше добро срце и мека душа… Бевме пријатели 35 години и никогаш не сме се скарале. Тој беше апсолутен позитивец, но повремено се самоуништуваше и тоа беше негова единствена маана, изјави Нинчевиќ.
Рајко Дујмиќ, долгогодишен предводник на екс-ју групата „Нови фосили“, почина вчера, како последица од сообраќајната несреќа во областа Равна Гора во централна Србија.
Нинковиќ беше со семејството на Рајко по сообраќајната несреќа, и тој ќе им помогне при погребот, којшто треба да се случи следната недела во Загреб.