Поп-пејачката Наташа Беквалац неодамна ја објави новата песна со наслов „Тајне“, која за само два дена се најде на прво место на трендинг во Србија.
Песната за кратко време стана хит, а Наташа изјави дека ова е нешто најдоброто што го снимила во својата кариера.
Како што пишува српски „Телеграф“, автор на песната е Милош Рогановиќ.
Песната настанала пред две години и била пишувана за Северина. Меѓутоа на неа не и се допаднала и биле оставена во архива. Во меѓувреме се јавила Наташа кај авторот со желба да пронајде адекватна песна за албумот. Кога ја слушнала „Тајне“ таа се воодушевила – открил изворот и додал:
– Веднаш кажа: „Ја земам, моја е. Ова ќе биде најдобра песна која некогаш сум ја испеала“. И така и се случи. Веднаш ја плати и ја сними – завршил изворот.