петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Синот на Марина Туцаковиќ откри дали навистина постои тетратката со должници

Синот на Марина Туцаковиќ откри дали навистина постои тетратката со должници

Кусо по смртта на легендарната Марина Туцаковиќ во јавноста се појави информација дека зад себе оставила тетратка во која се запишани сите должници за песните кои ги напишала, а не и биле платени.

Нејзиниот син Милан Лача Радуловиќ, 40 дена по смртта на Марина открива дали навистина постои таква тетратка со должници во која наводно Марина ги запишувала имињата на оние кои не и платиле.

-Мама има свои тетратки само со запишани песни, мобилни телефони, тука некаде е и списокот за на пазар. Мојата мајка не беше жена која беше материјалист, колку и да ги сакаше материјалните работи. Такво нешто, како список со должници воопштво не постои, откри Милан.

Вели дека голем број песни ги напишала бесплатно.

-Некои текстови ги напишала без пари, од љубов и желба. Дали тоа и се вратило или не, не знам. Но таа беше жена подготвена се да прости, вели синот Милан за Нова.рс.

Најнови вести