Синот на покојната текстописец Марина Туцаковиќ и композиторот Александар Радуловиќ Фута, вчера беше погребан на Новите гробишта во Белград во семејната гробница, каде почиваат неговата мајка Марина и братот Милош.
Неколку недели пред неговата смрт, Лаќа опиша како се справил со загубата на мајка си:
„Почнав да патувам за да избегам од реалноста во која што неа повеќе ја нема. Сè станува бесмислено со нејзиното отсуство. Секогаш кога светот станува досаден, ги пакувам куферите и тргнувам на пат. Бегам од смртта и се уште не сум се вратил“, напишал Лаќа.
„Таа ме чекаше да се вратам и потоа се предаде. Потоа ми го упати тој поглед, последниот, пред да се разделиме засекогаш. Оној поглед – и што сега?
Помина една година и повеќе од еден месец откако тој поглед не ме напушта и се уште се прашувам – и што сега? За време на таа една година патувања, или бегање од одговорот на тоа прашање, имаше многу заминувања: Стокхолм, Тел Авив, Ерусалим, Дивчибаре, Фрушка гора, Сараево… Секогаш ќе има дестинации, но јас полека станувам уморен од тоа. Куферите стануваат тешки, а неа ја нема да ме спакува…“, напиша Милан Радуловиќ Лаќа пред само еден месец.