Ѓорѓе Куљиќ и стана познат на јавноста поради врската со пејачката Анастасија Ражнатовиќ, а наскоро и тој ќе стане татко.
Неговата избраничка Мила Радојевиќ е во блажена состојба, а на социјалните мрежи открија дека чекаат девојче.
Ѓорѓе и Мила го открија полот на бебето качени на брод, а позираа гушнати и потоа се бакнаа.
Тие двајцата извесен период живееја во Црна Гора, а потоа заедно заминаа во Чикаго. Во споменатата метропола, Ѓорѓе разви семеен бизнис и токму затоа често е на релација Србија-Америка.
Да потсетиме, Куљиќ и Ражнатовиќ минатата година ставија крај на петгодишната врска. По раскинувањето со Ѓорѓе, Анастасија тврдеше дека двајцата останале во добри односи, а во прилог на тоа говори и фактот што тој сега е фатен во друштво на нејзините пријатели, а се чини дека навистина нема лоша крв меѓу нив.
Сепак она што сите се прашуваат денес е како ли реагирала Анастасија кога дознала дека и двајцата ќе станат родители на девојчиња.