Повторно топ тема во сите медиуми во соседството се Анастасија Ражнатовиќ и нејзиното поранешно момче Ѓорге Кулиќ.
Сега сите се прашуваат како изгледа станот на Ѓорге од каде пејачката ги спакува куферите и се врати дома во вилата на Дедиње кај својата мајка Цеца.
И додека Анастасија и нејзиното поранешно момче додека беа во врска речиси ниту еднаш не објавуваа фотографии од нивниот стан, овој пат тоа го откри тенисерот и другар на Ѓорге Филип Крајиновиќ кој сподели фотографија на својот Инстаграм профил.
На фотографијата се гледа голема гарнитура за седење и дрвена маса на која седат повеќе спортисти чии пријатели се на Ѓорге.
Во позадината се гледаат високите лустери и уметнички слики, како и големите стаклени прозорци низ кои се гледа целиот град.
За овој стан се шпекулираше дека бизнисменот искеширал околу неколку стотици илјади евра, а Анастасија од него се исели пред еден месец.