Новинарката Ксенија Вучиќ денеска ќе биде погребана на новите гробишта во Белград, а на гробиштата веќе се собира голем број на пријатели, роднини и колеги за да им изразат сочувство на нејзините деца Милица ни Данило во целосна поддршка од својот татко, претседателот на Србија Александар Вучиќ.
На погребот се појави и пејачката Јелена Карлеуша со својот пријател и соработник Зоран, а зад црните очила таа имаше насолзени очи.
Пејачката се прости од неа и на својот Инстаграм профил претходно пишувајќи дека „Ксенија била жена која многу пати во животот и има помогнато. Од крупни работи, до ситници… бидејќи јас за жал секогаш сум на мета, а на неа како човек и жена тоа и сметаше“, напиша Карлеуша.
Инаку Карлеуша носеше долг црн капут, на себе во комбинација со црни чизми, фармерки и чанта која ја носеше на каишот.
FOTO: Stefan Stojanović