сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Славниот пејач се бори за живот: Дарко Лазиќ излета од патот, пожарникари го ваделе од смачкано возило

Славниот пејач се бори за живот: Дарко Лазиќ излета од патот, пожарникари го ваделе од смачкано возило

Српскиот пејач со тешки повреди се наоѓа на интензивна нега во земунската болница, откако утрово доживеа тешка сообраќајка по која се бори за живот.

Дваесет и седумгодишниот Дарко Лазиќ, кој годинава неколкупати ги полнеше балканските таблоиди кога го фатија со дрога и се разведе, со автомобилот излетал од патот и се превртел на кров, а потоа едвај го извадиле од смачканото возило.

Во моментот на несреќата тој во своето БМВ бил сам, а го извлекувале пожарникари.

Пејачот немал појас, многу е тешко повреден.

Најнови вести