Не помина ниту еден месец од ненадејната смрт на текстописецот Милан Радуловиќ Лаќа (36). За смртта на Лаќа, која се случи во Израел на 13-ти декември, се дозна дури на 20 декември, а тој беше погребан до мајка му Марина Туцаковиќ и братот Милош на Новите гробишта во Белград на 27-ми декември минатата година.
Таткото на Лаќа, познатиот композитор, аранжер и продуцент Александар Радуловиќ Фута ги поминал првите денови кога дознал дека останал без уште еден син во својот дом, а погребот го издржал храбро и достоинствено. Додека неговите блиски пријатели се грижат за него и неговата состојба, целата јавност постојано се прашува како тој се справува со оваа лоша ситуација. Извор близок до Радуловиќ го опишува начинот на живот на Фута и како тој се извлекува од тагата што засекогаш ја обви неговата куќа во црно.
-Секако, Фута е човек од крв и месо и нормално дека го скрши сознанието дека останал без уште еден син, но сепак се однесува како маж, размислува трезвено и не дозволува целосно да потоне и да се откаже од себе и од животот, вели изворот, пренесува ПИНК.
Свесен е што се случило, но жали за сите добри работи што можеле да ги доживеат, а кои не ги виделе ниту неговите синови, Марина, ниту тој. На еден пријател кој искоментирал дека добро се справува со ситуацијата, Фута кратко му одговорил: „Ова не ми е прв пат“. Колку и да беше болно, Фута му ја кажа на својот пријател најболната вистина во животот.
-Иако неговите најблиски соработници беа малку шокирани, Фута ги собра нив буквално веднаш по погребот, ја зеде гитарата и почна да свири нови мелодии. Спасот го најде во музиката, што не е чудно, бидејќи се знае дека музиката ја има и кога ни е тешко и кога ни е убаво во животот, објаснува изворот.
Радуловиќ, и покрај тагата што го снашла во животот, очигледно живее од стиховите кои сопругата Марина ги напишала на Ана Николиќ, а кои син му Милан ги сакал и често ги цитирал.
Тие едноставно велат: „Животот е за живите“.
FOTO: E-STOCK/DUŠAN MILENKOVIĆ, E-STOCK/ČASLAV VUKOJIČIĆ