Македонија вчеравечер по шести пат не успеа да влезе во финалето на Евровизија која годинава се одржува во Лисабон, Португалија.
Македонската претставничка групата „Ај кју“ настапуваше под редниот број 11, а нашата пејачка Марија со нејзината модна креација стана цел на потсмев на социјалните мрежи.
Еден од највпечатливите коментари кој се појави на Твитер беше објавен од Англискиот национален сервис Би-Би-Си, кој со интересен коментар го опиша изгледот на нашата претставничка.
„Не е на опаку облечено мамо, тоа е мода која ти не ја разбираш“, стои во нивната објава, погледнете.
“It’s not BACKWARDS mum it’s the fashion you don’t even get it.” #Eurovision. pic.twitter.com/cPk0RyDchi
— BBC Eurovision?? (@bbceurovision) May 8, 2018