вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Сопругата на принцот Чарлс позитивна на коронавирус

Сопругата на принцот Чарлс позитивна на коронавирус

Војвотката од Корнвол, Камила Паркер е позитивна на коронавирусот, соопшти кралското семејство.

– Нејзиното височество Војвотката од Корнвол е позитивна на коронавирусот и е во самоизолација, се вели во кралското соопштение.

Во соопштението се додава и дека Камила ги примила сите три дози од вакцината против коронавирусот. Таа презеде голем број обврски минатиот викенд, откако нејзиниот сопруг мораше да ги откаже плановите бидејќи на тестирањето за коронавирус излезе позитивен во четвртокот.

Најнови вести